Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ: Битола е најракометен град, со борбеност до победа

Вечерва во Битола завршува групната фаза од СЕХА лигата и ќе се знае разврската во групата “А“ односно како трите екипи ќе го продолжуваат натпреварувањето, односно од која позиција во четвртфиналето.   Еурофарм Пелистер тргнува со мотив победа против екипата на Нексе, поубедлива за прво или второ место, што би значело избегнување на ППД Загреб.

Стручниот штаб и тренерот Александар Јовиќ  ги има на располагање осумте репрезентативци кои играа во квалификациите за Европското првенство, а Јовиќ за оваа СЕХА средба вели:

-Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата.

Иако се работи за натпревар од СЕХА лигата, се очекува полни трибини и поддршка за Јовиќ и Шундовски, кои ќе дебитираат на клупата на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот ќе започне од 18:00 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »