Еурофарм Пелистер – Нексе 27:23 (14:11)
Вечерва во “Боро Чурлевски“ во Битола ракометарите Еурофарм Пелистер предводени од Јовиќ и Шундовски на го одиграа најдобриот меѓународен натпревар во кој ја победија екипата на Нексе од Хрватска со 27:23, полувреме 14:11 во 4. коло на СЕХА лигата. “Пелистерци“ со бодовите и разликата дојдоа на второто место. Отворањето на натпреварот беше во знак на петте одбрани на Лесњак и головите на Ојлевски, Василев и Стевановиќ. Хрватските ракометари не се откажаа и се држеа резултатска рамнотежа и во три наврати дојде на гол разлика. Следуваа голови на Кисум, Ојлески и Атанасијевиќ за +4, а на одмор се замина со 14:11.
Во второто полувреме “пелистерци“ ја зголемуваа разликата, а некаде на средината на полувремето беше +7 (21:14). Хрватите се врарија на -3, но публиката му ја даде дополнителнаат енергија на Пелистер вопоследните десет минути. Од +8 (26:18) Нексе намали на 27:23, по што двете екипи направија технички грешки, а младиот голман Кизиќ го одбрани пеналот во последните секунди, обезбедувајќи ја потребната победа од четири гола.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Денис Васиљев со 6 гола, а Урбан Лесјак имаше 11 одбрани, Кизиќ седум, три беа пенали.