Press "Enter" to skip to content

“Приказна која нема крај“ – во Битола се врати публиката, се вратија победите, се вратија насмевките на публиката… (фотогалерија)

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола ја победија екипата на Нексе од Хрватска, а победата е извојувана заедно со публиката која “се врати“ во салата “Боро Чурлевски“, а околу 3.000 навивачи го бодреа својот тим 60 минути.По опомените и “жолтиот картон“ изречени на сметка на тимот, навивачката група “Чкембари“ мобилизира од сите делови на Битола се вратија на своето место, а враќањето го надополнија со голем транспарент, на кој беше запишана моќна порака “Приказна која нема крај“.И на јужната трибина истата навивачка еуфорија, заедно со “северот“ го бодреа Еурофарм Пелистер, а заедно скандираа “Сакаме титула, сакаме титула“. Како беше вечерва трибините во “Боро Чурлевски“, на кои беа познати навивачки фаци, политичари, бизнисмени, припаднички на понежниот пол, родители заедно со своите деца… низ фотогалеријата преку која атмосферата на трибините.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »