На 16.03.2023 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 51 годишник од Прилеп. Тој се барал по централен распис од СВР Битола поради сомнение за извршени тешки кражби на дрзок начин на повеќе локации на подрачјето на Битола, извршени во подолг период. Прилепчанецо е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
На 16.03.2023 во СВР Битола 60 годишен жител на Битола пријави дека во неговиот дом бил физички нападнат со остар предмет од страна на неговиот син на возраст од 24 години. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 16.03.2023 полициски службеници од Полициското одделение Новаци во село Мусинци, битолско, лишиле од слобода 35 од с.Мусинци, поради сомнение за извршено разбојништво. Имено, на 16.03.2023 во СВР Битола, Г.Р. (49) од с.Мусинци пријавил дека во близина на селото бил физички нападнат од приведениот , со кого се познавале, при што му одзел пари. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 16.03.2023 во СВР Битола Б. Т.(67) од Битола пријави дека на ул. „Даме Груев“ во Битола бил каснат од куче скитник.