Стручен надзор во сите фази при изведувањето на работите ќе биде Технички факултет – Битола при Универзитетот “Свети Климент Охридски“ – Битола.
Хидросистемот “Стрежево“ од Битола ќе биде прво Jавно претпријатие основано од Владата кое ќе изгради фотоволтаична централа со сопствени средства во висина од 30.550 233,00 денари, а произведената електрична енергија ќе ја продава на слободниот пазар. Договорот за изградба на фотоволтаичната централа го потпишавме со реномираната фирма “КМГ ЕОЛ КВАЗАР“ ДООЕЛ СКОПЈЕ, компанија која беше избрана по пат на јавна набавка.
Рокот на изведба е 180 дена по што се очекува да биде пуштена во работа. Оваа инвестиција целосно се вклопува во нашата визија за директно зголемување на приходите на претпријатието и креирање на подобри услови за стимулирање на севкупните инвестиции.