Синоќа, во големата сала на Центарот за култура во Битола, во организација на Француската Алијанса во Битола во соработка со основните и средните училишта кадешто се изучува францускиот јазик, се одбележа Празникот на Франкофонијата којшто секоја година се слави на 20 март во рамките на Франкофонската пролет.Приредбата, со наслов “Франкофонијата е КУЛ“, на сцената на големата сала ,собра близу 200 деца кои изведоа одлична програма, со рецитирање, играње, пеење, а на радост на публиката која ја преполни салата.
На приредбата зедоа учество голем број ученици од основните училишта од Битола : “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“, “Даме Груев“ и “Свети Климент Охридски“ што се дел од проектот за сензибилизација за изучување француски јазик што Француската Амбасада и Францускиот Институт во Скопје го реализираат во нашата земја, како и ученици од гимназијата “Јосип Броз Тито“ и Француската Алијанса.
На приредбата присуствуваа Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер и неговите соработници, градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Иливска, заменик градоначалникот на Битола Бојан Бојковски, почесниот конзул Калиопа Стилиновиќ и бројни други гости.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави гостите и во своето излагање истакна:
-На денот на Франкофонијата во Битола, како градоначалник сакам да изразам задоволство од соработката на Франција во досегашниот период која резултираше со голем број реализирани иницијативи, но и нови почетоци. Одбележувањето на празникот на Франкофонијата со толку многу учесници од учиштата од Битола потврдува дека францискиот јазик е значително застапен помеѓу младите генерации кои го учат, творат на француски јазик и културно се изразуваат. Со проектот за сензибилизација, што го реализираат Француската амбасада и Францускиот институт , нашите пријателски врски стануваат уште посилни и водат кон образовен, општествен и културен напредок. Ви честитам за оваа прекрасна вечер со која е втиснат печат во креативната моќ на градот за одбележување на Празникот на Франкофонијата.
Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер во своето обраќање, се надоврза со зборовите:
-Драги пријатели, навистина сум среќен што вечерва присуствував на прославата на Франкофонијата во Битола. Битола и Франција имаат историја на пријателство чии корени се длабоки. Битола е традиционално франкофонски град во кој денес се слави франкофонијата. Постои соработна помеѓу Француската амбасада и Општината и затоа сакам да ви кажам господине градоначалник дека откако сте назначен негуваме уште поплодни односи кои се се подлабокии за тоа сакам да ви се заблагодарам пред вработените во Општината како и пред сите граѓани вечерва. Во Битола имаме Француска конзулка, имаме Француска алијанса, наши партнери се Гимназијата каде се изучува францускот јазик, Универзитет со кој што соработуваме и сакаме да ја продлабочиме соработката, но и основни училишта чии ученици беа дел од вечерашната прослава. И токму поради сите овие причини сум присутен на оваа убава приредба. И сакам да изразам благодарност до Француската Алијанса во Битола и Францускиот Институт од Скопје којшто ја поддржа оваа иницијатива. Но, најголема благодарност сакам да ви ја искажам вам, децата, младите учесници во приредбата.
По завршувањето на овој настан, во Француската Алијанса што се наоѓа во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беа претставени реновираните простории опремени со современа аудио-визуелна и информатичка опрема. Притоа, им беа доделени благодарници на ученици од гимназијата „Таки Даскалот“ кои дадоа придонес во разубавувањето на Алијансата со изработката на мурали под водството на нивниот ментор, академскиот сикар Љубица Мешкова Солак. Благодарниците им ги додели Каролина Потелле Златевска, директор на француска Алијанса.
Настанот заврши со пригоден коктел организиран во партнерство со познатиот францускиот бренд присутен во нашиот град “Лакталис Македонија“, којшто пред присутните ја презентираше својата палета ексклузивни сирења.

“Франкофонијата е КУЛ“, во Битола одбележан 20 март, празникот на Франкофонијата (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер убедлив во Битола, го победи Феникс 2010 (фотогалерија)
- Нова победа на фудбалерите на Пелистер во Битола, под Тумбекафе (фотогалерија)
- Кампања Стави појас! во Битола, сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот
- Најмалите битолчани го одбележаа денот на шегата 1. април (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло