Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 36:30 (20:17)

Во Битола Еурофарм Пелистер на Јовиќ и Шундовски заслужено се пласираа на завршницата и ќе се борат за титулата во Купот. На полувремето „зелените“ имаа предност од 20:17, а главни во нападот беа Ојлески, Кисум и Суси. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер си ја држеше предноста, а потоа избега од 24:17 и го реши побдникот. Најдобар стрелец кај победникот беше Гоце Ојлевски со 8 гола, пред Кисум и Хосни со по 5 реализации, додека Костески и Суси имаа по 4 гола.

Пролет – Еурофарм Пелистер 2 30:26 (14:12)

Екипата на Пролет 62 се пласира во завршницата од Купот со победа над Еурофарм Пелистер 2 со резултат 30:26. “Пелистерци“ кои беа предводени од Зарков  на овој турнир поради заминувањето на Александар Јовиѓ, а домаќинот се покажа како подобар, откако си ја заврши задачата во второто полувреме. На пауза резултатот беше 14:12 за Пролет, а потоа позитивата од пет гола потоа константно се одржуваше, а во еден момент скопскиот суперлигаш водеше и со седум гола. Кај Еурофарм Пелистер 2, најефикасни Ненад Белистојаноски со 7 постиганти гола и Павле Петровиќ со 5.

More from ВестиMore posts in Вести »