Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Во љубовта и љубовните односи слободна, независна личност чесно разменува чувства, емоции. Постојат личности кои во љубовните односи чувствуваат дека животот им долгуваа некакава надокнада.
Љубовен “доверител“
Тоа е личност која чувствува дека е ускратена и дека животот и другите луѓе долгува некаква надокнада. Оваа личноста за да излезе од таквиот однос во љубовта мора да разбере и да го прифати следново:
Никој не ти е должен љубов.
Глупаво е да бараш, да се лутиш, ако не ја добиеш…Може само да ти биде жал и помири се со тоа.
Никој не може да ти даде љубов каква си посакувал од родителите, бидејќи не си веќе дете, а другите личности не ти се мајка ни татко.
Не сакаш да созрееш
Одбиваш да одрастеш очекувајќи дека твоите детски желби ќе се задоволат, а тоа никогаш нема да се случи.
Кон тебе биле „неправедни“
Но одбивајќи да одрастиш, ти на себе си правиш уште поголема неправда На тој начин не можеш слободно и взаемно да се разменуваш со личности во љубовта.Љубов
Како возрасна личност би можел да добиеш љубов, но не на начин на кој таа се пружа на дете. Не добиваш нешто што можеш, тврдоглаво трчајќи по долгови од минатото кои не можат да се наплатат. На тој начин Трчајќи по невозможно, не добиваш возможно
“Љубовните долгови“ не се пренесуваат.
Ако некој и прифати да го врати „туѓиот љубовен долг“, скапо ќе ти ја наплати таа услуга (обично ќе бара да бидеш зависен од него и да не одрастеш како личност), бидејќи и тој има проблем со созревањето. Покрај тоа и ќе те излаже бидејќи тоа што ти го ветува не може да го исполни. Само ќе глуми родителска фигура како што веројатно и глумел на некој од своите родители. Несвесно ќе те мрази заради тоа што му е веќе здосадено од таа улога.
Одлуки за промена на себе кои треба да ги донесете
-Секогаш ќе се трудам да ја сознаам вистината за себе, дали ми се допаѓала, или не. Нема себеси да се осудувам заради тоа што ќе го откријам, но нема на себе ни да дозволувам она што не е добро за мојот развој и развојот на други.
-Нема да го правам она што не е взаемно, што не е фер во однос со луѓето.
-Нема да се продавам „за ситни пари“, за она што го добивам со манипулација на другите, за истерување на моите „детски нереални желби“ за задоволување на суетата, потребата за паразитирање, закачување и искористување на другите.
-Не се согласувам ни ништо помалку од она што можам да бидам.
-Слободна, независна личност која се во љубовта чесно разменува со слободни независни личности.
Како да се постигне ова, психотерпевтот Небојша Јовановиќ советува:
-побарајте помош од другите кои имаат иста суштинска ориентација, па разменувајте искуства во барање на пат за одрасување и слобода.
-психотерапија.