Press "Enter" to skip to content

Хит комедијата “Обвинителка“ со Лидија Вукиќевиќ во Битола

На 1 април 2023 година Центарот за култура во Битола ќе биде изведена хит  комедијата “Обвинителка“ од авторот Огнен Неделковски, кој што текст ја има својата праизведба, а во режија на Сашо Ристовски.

Во оваа комедија играат актерите : Лидија Вукиќевиќ /гостин од Р.Србија/, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски. Костимите ги изработи Елена Лука, а музиката е на младиот и талетиран композитор Мишел Трајковски.

Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.

Претставата се подготвува со полн интензитет и плод на соработка на нашата држава и Република Србија.

Овој театарски проект е поддржан од Министерството за култура, Почесниот козулат на Република Србија со седиште во Охрид, НУ Центар за култура Ацо Шопов од Штип, НУ Музеј на македонската борба за самостојност и компаниите Тикен Холдинг.

 
Ова е еден од ретките проекти поставувани на македонската театарска сцена во кој се говори на македонски и српски јазик. Со оваа изведба актерката Магдалена Ризова – Черних прославува 30 години работен стаж во театарот. Честа е наша и на публика покрај оваа урнебесна комедија во која игра Ризова да бидете дел од овој голем ден за нашата голема актерка.
More from КомерцијаMore posts in Комерција »