На јавниот повик, објавен од Општина Битола на 25.10.2022 година, за доставување на предлог проекти за активности од областа на културата за 2023 година, пристигнаа вкупно 250 апликации.
Од нив 109 апликации за БИТ ФЕСТ 2023, Нови манифестации 57 апликации, Традиционални настани/манифестации/фестивали 36 апликации, Програма за „4 Ноември“ 15 апликации, Програма за „Свети Нектариј Битолски“ 5 апликации, Зимска приказна 24 апликации, Саеми 4 апликации.
Комисијата за разгледување и евалуација на поднесените апликации, покрај критериумите наведени во конкурсот, утврди квалитативни Критериуми и мерила за работа и тоа:
- Почитување на пропозициите од Конкурсот;
- Квалитет, јасност, аргументираност и иновативност на предложените проекти;
- Професионално елаборирани проекти од домашни и странски уметници;
- Степен на влијание на проектот врз квалитетот на културниот живот на локалната заедница;
- Поддржување на веќе реномирани творци од постарата генерација со најмалку 40 години континуирана практика, традиционални проекти, јубилеи на национално и локално ниво преку организација, реализација на проекти од сите области;
- Подржување на проекти со континуирана практика;
- Стимулирање на проекти со истражувачка, нова и современа методологија;
- Нови едукативни методологии со акцент на задолжителни активности со професионални едукатори во рамките на предложените проекти;
- Валоризација на постари автори кои неоправдано се запоставувани;
- Прифаќање на млади автори со ветувачки капацитети и свежи визии кои навестуваат понагласен творечки потенцијал;
- Поттикнување на донаторството, спонзорството и користењето на странските фондови за култура;
- Професионална екипираност, капацитети и можности за реализација на проектите;
- Максимално искористување на вложените средства на проектите, прикажување на проектите на локации кои ќе го зголемат бројот на консументите;
- Вклучување на независната културна сцена во алтернативни простори;
- Кооперативност со други општествени сегменти (производство, образование, екологија…)
Апликациите кои не се прифатени, најчесто имаат несоодветно изразени буџетски ставки, недоволно објаснување на предлог проектот или не ги исполнуваат останатите критериуми, дефинирани со јавниот повик.
Поради големиот број на апликации, објавата на резултатите е во две фази. Резултатите од категориите „БИТ ФЕСТ“ и „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“, ќе бидат објавени до крајот на месец април, а во оваа фаза ги објавуваме резултатите од категориите: ТРАДИЦИОНАЛНИ НАСТАНИ/МАНИФЕСТАЦИИ/ФЕСТИВАЛИ, ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ,,4ТИ НОЕМВРИ” ВО 2023 ГОДИНА, ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ ,,СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ” ВО 2023 ГОДИНА, НОВИ МАНИФЕСТАЦИИ, САЕМИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО ДРЖАВАТА И СТРАНСТВО.
Сите апликанти, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата имаат право да достават Барање за појаснување, во рок од 10 дена од објавувањето на резултатите. Барањето мора да биде во пишана форма и доставено до Архивата на општина Битола или испратено на мејл адресата culture@bitola.gov.mk (Ве молиме изберете еден од начините за достава на барање за појаснување).
Листата на одобрени апликации, распоредени во соодветна област, согласно доставената документација од апликантите, со одобрениот буџет е достапна на https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/03/Lista-na-odobreni-aplikacii-24.03.2023.pdf
Општина Битола, го задржува правото за дополнување на соодветните потпрограми и манифестации, на предлог на комисијата или по барање на граѓаните со одредени содржини, избрани по пат на селекција или покана од страна на комисијата, на актуелни и високорангирани настани од земјата и странство. Одлуката за учество во потпрограмите ја донесува градоначалникот, по претходно доставено писмено образложение од комисијата.
Дополнително, со одлука донесена од страна на Советот на општина Битола, усвоена е Програмата за култура за 2023 година, која ја сочинуваат и настаните кои се дел од таа Програма објавена во Службен гласник и на веб страната на Општина Битола.