Повозрасните битолчани Ајдар-кади џамија, на улицата “Цане Василев“ во Битола ја паметат како место кое било одлично уредено, каде се изведувале концерти, потоа некои помлади како забаталено место, да ти е страв да поминеш, а сегашните генерации битолчани како една од најубавите џамии, или како уште ја нарекуваат Принцезата на Балканот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.
Џамијата до пред 10 години кога започна темелната реконструкција, беше магацински простот, со неугледен двор, а во него се продаваат пијалоци, а битолчани се израдуваа на реконтрукцијата.
Инаку, Ајдар-кади џамија е типична битолска џамија, со квадратна основа, голема единична купола и порта. Куполата, висока 20 метри, лежи на цилиндар кого од своја страна го држат дванаесеттоаголни столбови. Надворешноста е многу едноставна, единствениот украс се тулите кои ги опшиваат отворите. Била изградена во 1561 до 1563 година од кадијата Ајдар по неговото назначување во Битола. За издршка на храмот Ајдар-ефенди основал вакаф со продавници, анови, и куќи меѓу Чира Пазар и затворот Ченгел каракол. Џамијата е градена од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан и е позната како џамија „Принцеза на Балканот“.

Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
- Деновиве пред 10 години: и со отворен ден одбележан денот на основањето на УКЛО (фото)
- Добронамерен концерт на Анета и “Молика“ за изградба на Царската црква “Успение на Пресвета Богородица“ на Битолското кале над Битола (видео+фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)
- Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните
- Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“
- Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)