Денес, четврток, 30 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата во Битола до 15 степени.
Утре, петок, 31 март, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 19 степени.