Press "Enter" to skip to content

Артефакти од музејот во Битола на изложбата “Првите кралеви на Европа“ во Чикаго

Филдовиот музеј во Чикаго го најави големото отворање, што се одржа на 31 март, на, како што велат, својата специјална изложба „Првите кралеви на Европа“, во која со свои раритетни предмети од неолитот учествува и нашата земја. Овој престижен музеј ги повикува посетителите да нурнат во историјата преку артефактите кои за првпат се претставуваат на едно место, и да патуваат назад во 5000-те година пред нашата ера до железното време за да осознаат како воините се претворија во кралски членови и засекогаш ја променија структурата на општеството.

Македонските претставници на оваа ексклузивна збирка од 700 предмети, координирана од Гоце Наумов, доаѓаат од НУ Завод и музеј – Битола, НУ Музеј – Гевгелија и НУ Завод и музеј – Прилеп.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го честита овој успех на македонската археологија:

-Голема привилегија е што имаме 20 предмети од предисторијата кои се поставени во витрините и се претставени во виртуелната прошетка за првите кралеви и кралици на Европа, покажувајќи ги растежот и менувањето на цивизациите, до последните артефакти на овој проект што ги покажува историјата и културата на балканските земји. Оваа ексклузивна изложба ни покажа колку е важна инаституционалната соработка во регионот, но и соработката со партнерските институции и фондации во Северна Америка за реализација на ваков проект, кој по своето значење секако ќе остави трајни научни и културолошки вредности за идните генерации.Директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, зборува за сложеноста на проектот во кој за првпат се соединуваат три наши музеи со сродни институции на Балканот, за прво вакво претставување на предисторијата во Северна Америка.

-Овој настан е значаен бидејќи е ова прво претставување на еден сегмент од македонската култура пред пошироката американска јавност. Голема благодарност до сите оние што придонесоа оваа одлична идеја и иницијатива да стане реалност, вели Стојанова.

Изложбата е структурирана во четири главни делови: Територија пред кралевите: неолитски период; Првата позлатена доба: бакарната доба; Нови патишта на моќта: бронзеното време; Раѓањето на кралското семејство: железната доба. Изложбениот курс се развива преку посебна сценографија, која комбинира прикажување на предмети со графички елементи, видео- и аудиоелементи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »