Жанета Ристевска
Повод за разговор со младата одбојкарка Софија Проковиќ од Скопје, потпишувањето договор во ОК Пелистер Волеј во Битола. Тука дојде како засилување меѓу редовите на младите одбојкарки. Започнавме разговор за нејзините впечатоци од Битола.-За мене најнеочекувана покана, да дојдам да играм во редовите на ОК Пелистер Волеј. Во август добив покана, како поискусен играч и засилување во редовите на ОК Пелистер Волеј. Од почеток доаѓав неколку пати неделно, патуваав само за натпревари. Но, од февруари сум целосно со престој да живеам тука. Супер дојде понудата. Никогаш не ми дојде на мисла дека ќе играм во Битола, ми беше некако подалеку од другите екипи близу Скопје. Но, секогаш најнепланираните работи излегуваат најубаво. Овде ми е супер. Во преговори сме и наредната сезона да ја продолжам тука.
Кажи ни повеќе за себе… Кога започна да играш одбојка, во кои клубови?
-Родена сум 2002 година во Скопје. Започнав да тренирам одбојка на свои 12 години во седмо одделение. Да кажам многу повеќе од забава, сите мои другарки тренираа одбојка. Најпрво во ОК Ѓорче Петров Волеј три години, третата година 2 дена тренирав во Ѓорче потоа во Работнички Жени. Во сениорскиот тим започнав на свои 14 години. Од почеток бев само на клупа, собирав искуство, од поискусни играчи кои беа и по 10 години постари од мене. Подоцна во ОК Работнички Жени играв во прва постава. После тоа продолжив во ОК Јанта Волеј и таа година со пандемијата се прекина сезона. Продолжив во Јанта Волеј со кои соиграчи освоивме КУП и Лига. Преку одбојката добив стипендија да учам во “College volleyball“ во Salt Lake Community College во САД. Седум месеци играв таму, но поради потешка повреда се вратив во Скопје, продолжив со игра, но после повредата се беше поинаку,потешко. Но со многу упорност се вратив во форма и продолжив да играм во сениорска екипа. Добив покана од ОК Пелистер Волеј да дојдам какао засилување со моето искуство да пренесам на другите одбојкарки тука. Тие преговори беа во август 2022 година. На почетокот заради обврските со факултетот ме задржаа во Скопје и доаѓав само два пати неделно. Но од февруари тука сум и со престој, односно живеам тука. Се надевам и многу би сакала да ја продолжам и следната сезона.
За своите соиграчи…
-Многу добро ме прифатија, се дружиме и приватно. Такво заедништво кое постои меѓу одбојкарките на Пелистер Волеј немам почуствувано и сретнато досега. После утакмица се дружиме, има време за се. Мото “Сите за еден, еден за сите“ тука добива значење во вистинска смисла на зборот и само треба да се почуствува на терен. Нема истакнување и привилегија на еден играч. Тоа е многу добро за екипен спорт како што е одбојката.Споменавте „Еден за сите, сите за еден“ мото во клубот Пелистер Волеј. Ти како би ја го опишала духот, атмосферата која владее меѓу одбојкарките, пред натпреварите кои ве очекуваат?
-Многу позитивна енергија и оваа полусезиомата ни тргна многу убаво. Се здруживме сите девојчиња, на терен и надвор. Тренерите правеа некои комбинации и се менуваа варијанти и позиции. Но сега можам да кажам дека секој си го знае своето место и се оди како што треба. Тоа го покажуваат и нашите победи кои ги постигнавме во последните натпревари. Стандарна позиција ми е коректор, но сега сум поставена на место примач и мислам дека добро се снаоѓам. Веќе 5 или 6 години играм во сениорски лиги и тоа искуство би скала да го пренесам и допринесам во ОК Пелистер Волеј.-Колку одрекување бара спортот, конкретно за тебе одбојката?
-Мене најтешко ми беше кога бев тинејџерка. Сите излегуваат за викенд, јас или морам на тренинг или натпревар. Во тие години е тешко да се направи баланс, меѓу тренинзите и слободното време. Тие години и се најпресудни, за да се продолжи понатаму да се остане во спортот и постигнуваат резултати. Многу талентирани спортистки во секој спорт, не само одбојка се откажале. Притисокот да се одрекнеш од многу работи : дружења, дечковци излегувања, другарки,… Сега веќе многу поинаку размислувам за сето тоа. Многу позначајно ми е да одам на тренинг одколку да излезам. Има време за се. Се дружиме и излегуваме и после тренинг. Потоа тука е дисциплината во исхрана, спиење. Мора правилно да се храниш си легнуваш рано за да можеш да бидеш свеж, другиот ден за натпревар. Често кога бев втора смена на училиште, мора после тоа да одиш на тренинг, па не знаеш дали да јадеш или не. Тука спаѓаат и обврските со училиштето. Исто така и мојата повреда. Многу сум им благодарна на моите родители што во овој период тинејџерскиот, кога може и да бидеш под влијание на друштвото и околината. Сите одат на роденден, а ти треба да го пропуштиш и многу други ситуации. Пресудна нивната улога, посебно мојот татко кој играл ракомет, но се откажал. Затоа ме насочуваше да останам и издржам. Сега сум им многу благодарна за тоа, бидејќи можам да кажам дека професионало играм одбојка и заработувам од тоа.Порака за девојчињата кои започнуваат да тренираат одбојка.
-Одбојката како спорт во последните години стана многу популарен. Тука се одбојкарките и женските екипи станаа популарни. Иако приматот се уште го држат спортовите ракомет, кошарка. Оние кои имаат предиспозиции, талент, љубов кон спорт одбојка. Започнете да тренирате одбојка, посветете се максимално и не се откажувајте, бидете упорни, успехот ќе си дојде.
Ентериер: ресторан “Аурум“