Еурофарм Пелистер – Тартан Прешов 37:29 (20:17)
Вечерва во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига и победија со 37:29 против Татран Прешов од Словачка на реванш дуелот ќе патуваат со осум гола предност.Натпреварот започна со водство на Татран со 0:1, а тоа беше единственото, а избраниците на Александар Јовиќ за брзо се одлепија на 3:1.Татран Прешов додје и до 4:3, по серијата од 4:0 “пелистерци“ за 10 минута стигнаа до +5 (8:3). “Пелистерци“ успеваа да одржат дистанца и кон средината на првото полувреме дојде до мал пад во нивната игра и гостите намалија на -3 (9:6). Во 20 минута беше 14:8, потоа и 15:8. Еурофарм Пелистер имаше и 17:10, а резултатот на полувреме гласеше 20:17 за Еурофарм Пелистер.
На стартот Татран намали на 20:18 и на 21:19. Кузманоски и Костески го донесоа битолскиот тим до 23:19 во 35 минута, а потоа се играше гол за гол. Во 40. минута беше 26:22, додека во 45 минута имаа 27:23. Гостите со серија од 4:0 намалувајќи на 28:27. Во 50 минута водството на Еурофарм Пелистер беше 32:27. Домкрајот Еурофарм Пелистер дојде до поубедлива предност 37:29.
Најефикасен на теренот беше Ненад Костески со десет погодоци, а тоа беше 100% реализација, Себастијан Хенеберг постигна 8, Кисум 6. Голманот Урбан Лесјак имаше 11 одбрани.