Press "Enter" to skip to content

Одбојкарската сезона заврши, Пелистер Волеј денес во Битола игра бараж за враќање во Првата одбојкарска лига

Редовните кола од Втората државна лига на Македонија комплетно се одиграа, а одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола денес го играат првиот натпревар од баражот, за пласман, односно, враќање во најквалитетно одбојкарско друштво.

Сениорска екипа на Пелистер волеј во саботата во Кичево ја совлада екипата на Ускана од Кичево и освои нови максимални 3 бода, а тоа значи 15 победи од 18 одиграни кола, а Пелистер е вицешампион.

Денес со одбојкарската база во Битола, во спортската сала на Медицинскоот училиште со почеток во 19 часот, одбојкарките го играат првиот натпревар во баражот, против екипата на Вардар. 

-Повикуваме на целосна мобилизација на нашето членство, сите симпатизери и навивачи, затоа што претстои двомеч против екипата на Вардар Ем. Што повеќе можи да се посака кога играат два бренда како што се Пелистер и Вардар и тоа втор пат за една година. Тоа е празник за одбојката, а копјата ќе ги вкрстиме на првиот натпревар во среда кој ќе се игра во Битола, па ве повикуваме во полна сала да им дадеме ветер во грб на нашата битолска екипа и да покажиме дека Пелистер во Битола има верна публика, порачаа од Пелистер волеј оред денешниот натпревар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »