ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНАТА
Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа:
-Совет за превенција на детско престапништво,
-Совет за социјална заштита,
-Совет за превенција,
-Локален волонтерски совет,
-Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и
-Совет за заштита на потрошувачи.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2023.
Оценувањето на проектите ќе го врши Комисија формирана од Градоначалник на Општина Битола врз основа на пропишаните критериуми. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-poddrska/.
ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ
Повикот е наменет за сите креативи граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година и тоа на следните локации:
-Старата чаршија,
-Широк Сокак од Саат кула до ул. „Партизанска“
-Сите кружни текови во градот
Секој учесник, односно група на учесници може да учествува во повикот со поднесување на идејнo решениe за сите наведени локации. Идејното решение се доставува на електронската адреса: culture@bitola.gov.mk најдоцна до 15 мај 2023 година (15:30 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за подносителот – име и презиме, контакт телефон.
Според основните технички барања, понудувачот согласно расположливите материјали кои ќе можат да се набават/изработат во државата, ќе треба да достави скици со изглед, димензии, бои, тип и моќност на светлосен детал прицврстен на украсот/групата на украси, можност за приказ на слики во електронска форма на изработениот украс/група на украси за соодветната локација, предмер-пресметка за материјалите и работните активности со реални цени на пазарот и сл…..
Согласно критериумите за избор, идејните решенија треба:
-да бидат уникатни и да имаат концепт,
-да бидат креативни и да не потсетуваат на веќе изведени решенија,
-да бидат лесно изводливи и да не бидат скапи за изведба,
-декоративните елементи и украси кои треба да се приклучат на струја да бидат опишани од технички аспект (материјал, активност и време на изработка, начин на прицврстување/монтажа, маса, моќност на потрошувачка, начин на електрично поврзување и степен на заштита).
Пристигнатите идеи ќе бидат разгледувани од страна на посебна Комисија формирана за оваа намена од страна на Градоначалникот на Општина Битола, а најдобрите 3 решенија ќе бидат парично наградени:
-Прва награда 180.000 ден
-Втора награда 80.000 ден
-Трета награда 40.000 ден
Со исплата на наградите Општина Битола се стекнува со право да ги користи целосно или делумно понудените идеи.
Општина Битола, силно верува во креативниот потенцијал на своите граѓани и во нивната желба и подготвеност, заедно со општината да учествуваат во новогодишното украсување на градот.
Јавниот повик е објавен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/