На задоволство на сите вклучени страни, гиманзијата „Јосип Броз Тито“ од Битола повторно реализира еден успешен проект како резултат на соработката со стручната гимназија „Тома Песке“ од Нормандија.Гимназијата е домаќин на една прекрасна изложба – плод на заедничката работа и повеќегодишна размена со оваа партнерска средношколска институција од Франција.
Соработката со ова стручно училиште што го носи името на славниот француски астронаут Тома Песке, започна во 1916 година благодарение на иницијативата на професорот по историја – Иљо Трајковски. Низ сите изминати години во континуитет се остварува она што претставува мисија на секоја добра соработка – размена на искуства и добри практики помеѓу ученици импрофесори, заеднучко споделување на идеи и иницијативи, отворање на нови перспективи за нашите ученици, формирање на нови пријателства и изучување на францускиот јазик.
Реципрочните размени се дел од оваа соработка и ученици од Кутанс, Нормандија борават во нашиот град, а паралелно и нашите гимнзијалци ја посетуваат Нормандија. Дополнително, во последниот период, ученици од француското училиште обавуваат практични стажирања во стопански фирми во Битола.
Оваа година, во периодот од 2 до 9 април 2023 гимназијата е домаќин на 30 ученици и 4 професори од училиштето “Тома Песке”, Гостите од Франција се сместени во семејства и следат една добро осмислена програма во која, покрај дружењето и размената, имаат можнист да се запознаат со убавините на нашиот град, околината ,земјата воопшто посетувајќи го Скопје, Охрид, Крушево, Пелистер.
Проектите традиционално завршуваат со уметничко дело, со заедничка креација на чие обмислување се работи заеднички во текот на годината. Ако минатата година тоа беше дрвената скулптура на кругот во којшто е сместен Витрувиевиоит човек на Да Винчи, оваа година завршното дело е изложбата што е поставена во просториите на гимназијата. Нејзината тема со провокативен наслов „Отпор“ претставува можност учениците да ја изразат својата креативност, да ги прикажат своите видувања, размислувања преку различни уметнички форми, преку музика, литература, филм, фотографија итн.
Уште една потврда дека станува збор за една квалитетна, активна и одржива соработка е што многу скоро, учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, ќе ја возвратат посетата и ќе бидат гости на своите пријатели и колеги ви стручното училиште „Тома Песке“ – Нормандија.
Овој значаен проект и оваа успешна повеќегодишна соработка се реализираат со помош на Француската амбасада, Францускиот институт – Скопје, Француската алијанса – Битола и Почесниот конзул на Република Франција – Калиопа Кривашија Стилиновиќ. Нивната поддршка и континуираното залагање на раководствоито и особено професорите од гимназијата инволвирани во проектот, се значаен чинител за успешноста на сите активности, за квалитетот на размената, за промоцијата на францускиот јазик и култура од што најголем бенефит имаат младите, учениците во гимназијата.
Изложбата се отвори денес во присуство на заменик градоначалникот Бојан Бојковски, секретарот Борче Димитровски, бројни ученици и професори од двете партнерски училишта, како и во присуство на Почесниот конзул на Франција.
По свеченото отворање на изложбата гостите од Франција традиционално ги посетија Француските воени гробишта. Беше одржана пригодна церемонија на којашто учениците положија свежо цвеќе и читаа текстови посветени на војната, на загинатите војници.
Фото: Дамијана Ристевска