Плачковица – Топ Гол 1:6
Сениорките на Топ гол од Битола на гостувањето во Радовиш остваруварија победа над домаќинот Плачковица со конечен резултат од 1:6, полувреме 0:2. Стрелци на головите за Топ гол беа: Милевска во 13 и 80, Гоцевска во 29 и 70, Трајчевска во 72 и Марковска во 55 минута . Голот за Плачковица го постигна Игнатовска во 66 минута.
Со оваа победа Топ гол го совлада и вториот конкурент за висок пласман и ја има на дофат шампиониската титула и пласман во Прва лига.
-Честитки на моите фудбалерки за победата и добрата игра на овој натпревар. Имавме јасна цел за денес и тоа го направивме. Ние сме лидери на табелата и на дофат сме до шампионската титула. Во продолжението на првенството играме со екипи кои се во долниот дел на табелата и само треба рутински и дисциплинирано да го изиграме до крај. Упатувам пофални зборови за домашна екипа за срдечниот пречек и судиска тројка која одлично го водеше натпреварот, вели Кире Грбевски, тренер на Топ Гол.
За Топ гол настапија: Талевска, Ристевска, Марковска, Трајчевска, Милевска, Талевска М, Стојчевска, Гоцевска, Димитровска, Триста и Давчева. Уште играа: Павловска, Гроздевска, Јовановска и Куневска.
Следното коло Топ гол ја пречекува екипата на Џиџи во Битола.