Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хепатоцелуларен карцином

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за хепатоцелуларен карцином, за што вели:-Хепатоцелуларниот карцином  настанува поради мутации во ДНК на хепатоцитот со нарушена апоптоза и неконтролиран раст на клетките. Најчести етиолошки фактори се Хепатитис Б Хепатитис Ц, црнодробна цироза, афлатоксинот, хемохро атоза, примарна билијарма цироза итн.

При појава на симптомите како  асцитес, иктерус, гастроинтестинални крварења со анемија, енцефалопатија болка под ДРЛ и нагло слабеење најчесто веќе има далечни метастази во лимфни јазли бели дробови и коски. 

Ултрасонографски  при HCC има  инхомогеност хипер со хипоехогеност на паренхим зголемени димензии и нарушена форма на црниот дроб често  со придружен  асцитес компаративно можи да се користи КТ МРИ на абдомен во потврдување на дијагнозата и испитување на алфа Фето протеинот и гама карбокси протромбинот кои се зголемени во серумот при развој црнодробна цироза во  хепатоцелуларен карцином.

Лекувањето е најчесто во онколошки центри со хемотерапија и зрачна терапија поретко хируршки со трансплантација на црн дроб.