Press "Enter" to skip to content

Пелистер одигра само реми во Виница, иако рано поведе

Слога – Пелистер 1:1 (0:1)

Екипата на Пелистер од Битола не очекувано се враќа само со еден бод од Виница, по ремито со домашната екипа Слога. 

Пелистер дојде до рано водство со 0:1, со голот на Борче Маневски во 24 минута. 

Домашната екипа дојде до израмнување и до еден бод во 84. минута кога Михаил Воинов го постави конечниот резултат 1:1.

“Ремито“ на Пелистер е кикс поради загубените два бода уште повеќе поради тоа што екипата на Вардар е поразена со 2:1, а победија Гостивар и Воска, директните конкуренти на Пелистер за пласман во Првата лига.

По ова 23. коло нов лидер во ВМФЛ е екипата на Воска Спорт која има 56 бода, пред Вардар со 55 бода. Гостивар се наоѓа на третото место со 54 бода. Пелистер е четврти со 47 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »