Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец вршел јавен превоз без лиценца, пронајдена пушка без дозвола за поседување, повреден работник, каснување од куче скитник

СВР Битола поднесе кривична пријава против 30 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 21.02.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 59 годишник од село Меџитлија, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Кај пријавениот била пронајдена ловечка пушка „ТОЗ“ калибар 16 без дозвола за поседување на огнено оружје.

На 07.04.2023 во 18.51 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено кај нив со повреди бил донесен 55 годишник од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Битола. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.

На 07.04.2023 во 12.00 часот во СВР Битола, И.Н. (35) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште бил каснат од куче скитник.