Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски задоволен од потврдата на второто место, Маслинко неизвесен за АБА плеј-офот

Екипата на Пелистер синоќа во Битола го победи директниот конкурент за второто место во плеј-офот, а тренерот Марјан Илиевски не го криеше задоволството по победата и по завршувањето на натпреварот рече:

-Натпреварот го отворивме добро игравме квалитетно во првите пет минути, а наеднаш се појавија падови во играта. Она што беше најголема забелешка до моите играчи беше лесно “продадени“ топки, по што следуваа лесни кошеви од транзиција. На три пати имавме водство од десет поени, кое што противникот го “топеше“ за крат0к период токму по транциција по лошо додавање. Притисокот кој го носеше овој натпревар кој ќе биде втор на табелата, донесе е дополнителен притисок како и домашниот терен кај играчите. Јас сум задоволен од тоа како се “вративме“ и како енергијата постоеше во второто полувреме. Не можеме секогаш да играме беспрекорно во континуитет со постојан квалитет, но сепак се враќаме со победи, за повредите додаде:

-Она што беше под знак прашалник и пред самиот натпревар, а тоа што 3-4 играчи имаат полесни или потешки повреди, добро одиграа и мора да сум задоволен, а многу ми е жал за Андреј Маслинко кој што се повреди на овој натпревар и е под голем знак прашалник дали ќе патува на плеј-офот во Словенија. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »