Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистена тешка кражба во Битола – украденото е вратено на сопственикот, санкционирани 37 пешаци

Полициски службеници од СВР Битола расчистија кривично дело тешка кражба, извршено од двајца малолетници од Битола на 09.04. од автобус марка “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз. Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело. Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на денешниот ден, 11 април во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 37 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 4 останати прекршоци. Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.