Press "Enter" to skip to content

Јовиќ и Атанасијевиќ по пласманот во завршницата во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вчера во Прешов, Словачка обезбедија палсман во завршнивата на СЕХА лигата, а веќе се на пат за враќање во Битола каде ќе го подготвуваат натпреварор против Алкалоид, кој ќе се игра за два дена во Скопје.

“Пелистерци“ втора сезона по ред ќе игра во самата завршница во СЕХА лигата каде четирите екипи ќе се борат за трофејот, а Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер, на официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварор среќен што тимот одново ќе игра во финалниот турнир рече:

-Нашиот добар перформанс ни помогна да стигнеме до две победи над Татран. Чувствувам дека навистина заслуживме место на финалниот турнир“, краток беше тренерот на битолчани.

Петар Атанасијевиќ по средбата кратко изјави:

-Дадовме сè од себе, и тоа е причината поради која успеавме да победиме на уште еден натпревар против квалитетен тим како Татран“.

Во полуфиналето противник на Еурофарм Пелистер најверојатно ќе биде тимот на Партизан од Белград.

More from ВестиMore posts in Вести »