На 21 април 2023 година во ресторанот “AURUM“ ќе се случи првата “FINE DINING DINNER“, за која нашиот шеф Александар Видоевски подготвува специјално мени (5 course menu) парирано со врвни 5 различни вина на “DALVINA“.
За ова гастрономско доживување планираме избрана група на гости која сакаме да ужива во она што ќе го подготвиме, надвор од клишето на класичен ресторан, а за музичката програма ги поканивме “TRINITY STRINGS“, трите девојки од Скопје на гудачки инструменти-виолончело & две виолини кои имаат исклучителен сценски и музички настап.
Ако сакате да бидете на нашата листа на гости, може рана резервација за да имате сигурно место. Цена на комплетната вечера со избраните вина ќе чини 1.500 денари по лице.
Ова е настан кој се случува за прв пат, затоа вреди да се биде, прв.
Со почит, тимот на “AURUM“.