Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен крадец, крадел на Булеварот, украденото вратено

На 11.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 28 годишно лице од Битола.

Тој се сомничи дека на 04.04.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на бул.„1 Мај“ во Битола и одзел предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »