Текар терапија/радиофреквенција е уред кој комбинира радиофреквенција (текар) и трансдермална терапија и е одличен за ендогена електробиостимулација на ткивата што произведува зголемување на температурата што го активира метаболичкиот систем и ги вклучува главните процеси на клеточниот метаболизам. Ја елиминира болката и управува со посттрауматско закрепнување на повредените анатомски структури.
Сето ова може да се преведе како гаранција за функционално закрепнување и јасно подобрување на квалитетот на животот на пациентот. Уредот овозможува лекување и разрешување на остеоартикуларните и трауматските дисфункции, наоѓајќи одлична примена дури и во лекувањето на спортистите и нивните повреди.
ТЕКАР-терапијата опфаќа голем број на акутни и хронични повреди на мускулно-скелетното ткиво. Примената на оваа терапија драстично ги подобрува резултатите и значително го скратува времето за опоравување.
Една од главните предности на споменатиот уред/терапија во однос на другите е тоа што при користење на насочена радиофреквентна терапија, истовремено може да се користат и други техники како масажа, активни и пасивни движења, истегнување на мускулите, што носи уште подобри резултати и уште побрзо закрепнување.