Press "Enter" to skip to content

“Христос Воскресна!“, Велигден во Битола, во храмот “Св. Димитрија“ и на плоштадот “Магнолија“ (фотогалерија)

„Христос воскресна, навистина воскресна!“

со овие зборови, вечерва на полноќ, православните верници во храмовите во Битола и во цела Македонија го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.А, на овој ден битолчани од сите страни на градот, традиционално, и оваа година, лето 2023, се собраа во Битола, во Соборниот храм “Свети великомаченик Димитриј Солунски“, кој како и неговиот двор беа претесни да го соберат сите верници кои на соопштување на радосната вест Христос Воскресна, од страна на Митрополитот Петар.Најголем дел од верниците радосната вест ја дочеаа на плоштадот “Магнолија“, во паркот кај градскиот часовник, по Широк Сокак, за потоа сите како и доликува на овој ден да влезат во црквата и да се поздрават со своите сограѓаи со Христос Воскресе, а тоа да им возврата Навистина Воскресе.Како беше вечерва на Христосовото Воскресние, во Битола, сведочат илјадници селфи фотографии и фотографии од Богослужбите, но ние преку фотогалерија, Ви доловуваме дел од тоа како беше на полноќ, во храмот “Св. Димитрија“, на плоштадот “Магнолија“ и по Широк Сокак. 

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »