Press "Enter" to skip to content

Со концерт на “Vertitur, non mutatur“ во Битола заврши 6. издание на “Џез фактори фестивал“ (фотогалерија)

Годинешното 6. издание на “Џез фактори фестивал“ кое се одржа од 13 до 15 април во Битола и на кое настапија повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство заврши со концерт на битолската група “Vertitur, non mutatur“ на сцената на НТ Битола.Пред да се спушти завесата на ова одлично издание на овој фестивал директорот на Фестивалот, Сашо Поповски, пред присутните на последната фестивалска вечер дека е задоволен од Фестивалот, а посебно од тоа што и публиката е задоволна, а тоа го видел преку непосредните контакти, пораките кои добивал и коментарите упатени кон него, Фестивалот и изведувачите. -Посебно ми е мило што фестивалот го затвораме со битолска, домашна, група, а тоа се “Vertitur, non mutatur“, кои за овој фестивал подготвија оригинален настап во кој, се надевам, сите ќе се уживаме. Фестивалот понуди многи содржини во програмата и оф-програмата, рече Поповски.Беше доделена наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, која му припадна на Јован Цветковиќ.Битолската група “Vertitur, non mutatur“ се добро познати на битолската публика со кариера која трае повеќе од 20 години. Тие понудија авангарден концерт, а тоа беше третиот оригинален проект креиран токму за фестивалот кој ја задржува врската со Џез одделот при Музичката академија “УГД“ Штип. “Џез фактори фестивалот“ годинава имаше неколку новини, а започна со најголемото име на светската џез сцена, Баби Сисоко кој доаѓа од Мали, Африка, а ќе настапи заедно со Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија. Потоа настапија Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција. На вториот ден настапи на Милан Петровиќ квартетот од Србија, и од 21 часот “Liquid Carpet“ од Словенија, а на последниот ден “Vertitur“ музичари од Битола.

На споредната програма во кафе бар “Порта џез“ настапија „Arnau Garrofé Farràs Quartet“. Следниот ден имаше конференцијата “RJFB France- Balkan Jazz Network“ во “Pub Bourbon Street“. Во “Камарите“  настапи Иле Косата заедно Стефан Тасевски, а на завршниот ден настапашија “United Group Department feat Леана Таќи“ од Македонија, во “Камарите“.

More from КултураMore posts in Култура »