Press "Enter" to skip to content

Градското фудбалско дерби во Општинската “А“ лига за Јени Маале

Јени Маале – Олд Бојс 3:1 (1:1)

Во рамките на 17. коло од општинската “А“ лига се одигра градското дерби помеѓу екипите од Битола, Јени Маале и Олд Бојс, во кој како домаќини “генималци“ од Битола, играат на стадионот во Кукуречани.

Во еден одличен и динамичен натпревар домаќините успеа да издвојуваат победа со резултат 3:1, полувреме 1:1.

Стрелци на головите беа Александар Митревски во 38. минута Боби Думевски 59. и  Владимир Крстевски 88. а додека стрелец за гостите беше Тихомир Груевски во 43. минута од натпреварот.

-Победата ја посветуваме на сите наши фанови поддржувачи и спонзори, да се победе во градско дерби е неверојатно чувство. Дишиме и чекориме сите како еден патем за тоа сме и “Којоти“, рече по натпреварот даде Пеце Василевски, од Јени Маале.

More from ВестиMore posts in Вести »