Денес, четврток, 20 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени.
Утре, петок, 21 април, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени.