Press "Enter" to skip to content

Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ претседаваше со Советот, по прекинот, по напуштање на седницата на советниците на СДСМ и Поинаку

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица избраа нов претседавач во Советот на Општина Битола, а тоа советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марица Тодоровска, откако Габриела Илиевска заедно со останатите советници од Поинаку ја напуштија седницата.

Инаку 26. седница на Советот на Општина Битола, беше прекината поради тоа што советниците на СДСМ ја напуштија седницата, откако се обрати координаторот Методија Илиевски, а по вториот прекин на седница тоа го сторија и советниците на Поинаку.

Потоа седницата ја заврши Марица Тодоровска, на која без дискусии беа прифатени и точките кои се однесуваа на работењето на јавните комунални претпријатија и културни установи чии основач е Општината.

More from ВестиMore posts in Вести »