Во рамките на 10 коло од ВФЛ жени сениорките на Топ гол од Битола ја пречекуваат екипата на Џи џи. Натпреварот е закажан за сабота, 22 април, со почеток во 17 часот на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола.
-Несомнено сме поквалитетна екипа која е во победнички ритам. Победата не доаѓа сама има 90 минути кои треба да одработат на терен, работевме на детали кои треба да ја подобрат ефикасноста во реализацијата. Што се однесува до составот сите фудбалерки ми се на располаѓање и ќе излезиме со офанзивен состав, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.