Кошаркарите на Пелистер од Битола денес во рамките на последното коло од регуларниот дел на сезоната играат дерби натпревар со екипата на МЗТ Скопје во Скопје, во натпревар кој нема резултатско значење бидејќи веќе се знае дека МЗТ е на први, а Пелистер втор во пласманри за плеј-офот.
Димитар Караџовски пред дербито рече дека овој натпревар ево болен период и за двете екипи, ќе се даде се од себе за најдобра презентација и издание во СЦ „Јане Сандански“.
-Генерално, се подготвуваме за овој натпревар како и за секој друг, без разлика што овој дуел е без резултатско значење и за двете екипи. Мислам дека овој дуел доаѓа во еден болен период, во кој се доживеаја порази во АБА-2 за нас и во АБА-1 за ривалот. Ќе се обидеме да ги залечиме тие рани во овој натпревар и подобро да се подготвиме за плеј-офот кој ни следи. Имаме некои болни играчи, како и повредени имиња, но се надевам дека сите ќе се вратат до понеделник и ќе можеме да се фокусираме до плеј-офот. Сакаме да играме финале, кое го заслужуваме затоа што сме константни. Се надевам на една добра серија со МЗТ во финале, ама мора да одиме чекор по чекор. Тешко ни е за тренинг во овој период затоа што ни фалат повеќе играчи, но се надевам ќе се екипираме и подготвени ќе го дочекаме плеј-офот.