Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за тироидната жлезда или тиреотоксикозата, за што вели:
-Morbus Graves -Basedow тиреотоксикозата е автоимуно заболување почесто кај жени од 30 до 50 годишна возраст кај кое е утврдено постоење на неколку типа на автоантитела кои ги создава самиот организам и се насочени кон сопствената тироидна жлезда која најчесто е наследна болест.
За симптомите на оваа болест д-р Чипуровски вели:
-Клинички имаме тријас тахикардија постојана деноноќна најчесто -синус тахикардија + струма – гушавост + егзофталмус испакнати очни јаболка. Покрај тоа има кршливост на нокти и лош квалитет на коса и нејзино опаѓање, дијареја, хипертензија, губење тежина, нервоза со несоница, ситен тремор на раце, постојано потење со непријатна миризба во текот на годината итн., а за тоа како се дијагностицира додава:
-Лабараториски треба да се определи FT4 кој е висок и TSH е низок . На ехо на тироидна жлезда се утврдува зголемување на истмусот над 5 мм, како знак на гушавост – струма, а исто така имаме дифузен зголемен за два до три пати хомоген ,хипоехоген паренхим. Најчесто на двата лобуси кој на collor doppler e постојано хиперваскуларизиран за разлика од тироидитот на Хашимото кој е со слична презентација но кај кој можи да нема хиперваскуларизираност на паренхим за време на ремисија на болеста.
-Лекувањето е медикаментозно PTU, со зрачење со Ј 131 и хирушко кај деца, лица до 45 години, бремени, а случаи резистентни на друга терапија, чести тиреотоксикозни напади, дијабет, ретростернална струма, вели д-р Васил Чипуровски.