Press "Enter" to skip to content

Димитар Капинковски е нов тренер на прволигашот Самтредиа од Грузија

Димитар Капинсковски од Битола денес го започна првото интернационално искуство, како тренер на грузиската екипа Самтредиа од Грузија, а преку нивната официјална веб страница тие го претставија нивниот нов тренер, а беше претставен и на фудбалерите и стручниот штаб. -Со задоволство ја објавувам веста дека сум нов главен тренер на ФК Самтредиа. Се чувствувам среќно и почестено што сум дел од овој прекрасен и амбициозен тим и со нетрпение очекуваме да постигнеме одлични резултати, напиша на својот ФБ профил, Капинковски по првиот тренинг со екипата. Екипата на Самтредиа е прволигаш, кој по девет одиграни кола тимот има една победа, а Капинковски треба да ја оствари целта на клубот, опстанок во елитното грузиско фудблалско друштво. 

Инаку, 47-годишниот Димитар Капинковски пред две години беше тренер на Пелистет со кој и го обезбеди опстанокот во Првата лига, а потоа продолжи во прилепска Победа, а овој тренерски ангажман ќе биде нов предизвик за него.

More from СпортMore posts in Спорт »