Press "Enter" to skip to content

Во чест и слава на сите загинати бранители “Трка за Македонија“ во должина од 25 километри

Во петок на 28 април 2023 година со почеток од 08:30 часот и старт од споменикот “Ангел“ кај Саат Кулата во Битола ќе се одржи трка на дистанца од 25 километри на релација од споменикот “Ангел“ плоштадот Магнолија, до село Породин каде почива Илче Стојановски кој еден од загинатите наши бранители од војната од 2001-ва поточно од масакрот на Вејце каде загинаа 4-ца битолчани од полициските сили и 4 -ца од специјалната единица Волци на АРМ.

-Со овај чин и одржувањето на оваа трка покрај загинатите наши бранители од заседата кај село Вејце ние одаваме почит и кон сите други загинати бранители од 2001-ва година.Учеството е бесплатно за сите кои можат да ја истрчаат 25 км (може да се трча штафетно и поединечно цела дистанца, може и со велосипед). Собирот и пријавувањето е во 8 часот кај споменик “Ангелот” на плоштад “Магнолија“, полагање цвеќе 08,20 часот, и старт 08,30 час.

Прва точка с. Породин, полагање цвеќе и враќање крајна точка споменик “Ангел“ во Битола, плоштад Магнолија.

More from ВестиMore posts in Вести »