Press "Enter" to skip to content

Промовирани нови доктори на науки на УКЛО Битола (фото)

Во рамки на одбележувањето на 25 април, Денот на основањето на УКЛО, промовирани сe доктори на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовира три  нови доктори на науки.Ирфан Мухареми, доктор на науки од областа на безбедноста од Факултет за безбедност –Скопје, Анита Зенуни, доктор на науки од областа на надареност и талентираност од Педагошки факултет – Битола и Ана Лазаровска, доктор на науки од областа на сообраќајот и транспортот од Техничкиот факултет-Битола.Покрај раководството на УКЛО, на чинот на промоција присуствува декани од единици на УКЛО на кои се одбранети докторските трудови како и најблиски членови од семејствата на новите доктори на науки.Пригодната свеченост се одржа на 25 април 2023 година во Ректоратот на УКЛО.

More from ВестиMore posts in Вести »