Од пристигнатите 25 апликации на јавниот повик кој го објави општина Битола на 26.10.2022 со рок на пријавување до 22.11.2022, одобрени се 21 апликација за реализација на активности од Програмата во областа на спортот и младите. Одобрените апликации се во шест категории и тоа: спортски манифестации, училишен спорт, спорт за сите, спорт за лица со попречености, натпреварувачки спорт и млади.
Со поддршката на доставените апликации и согласно условите во јавниот повик, Општина Битола овозможува финансиска поддршка на спортските манифестациите од локален, регионален, национален и меѓународен карактер за кои има интерес од страна на граѓаните и кои се во интерес на развојот на спортот во општината, како и поддршка на програмите, проектите и спортските активности на учениците со цел да се унапреди училишниот спорт и да се поттикне зголемување на бројот на ученици во спортските активности и системот на натпревари. Преку „Спорт за сите“, Општина Битола ги поддржува програмите и проектите за масовен рекреативен спорт на граѓаните во општината за да му се овозможи на секој граѓанин согласно неговите потреби и можности активно вклучување во спортскиот живот на општината. Со одобрените апликации се поддржуваат и активности и проекти на спортските клубови/здруженија кои што работат со деца и лица со попреченост, програмите/проектите на спортските клубови/здруженија/акционерски друштва кои се натпреваруваат во највисоките лиги, како и програми/проекти за активно вклучување на младите кои опфаќаат сфери на интерес на младата популација.
Листата на одобрени апликации е објавена на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/04/Odobreni-aplikacii.pdf.
Од вчера, започна и рокот за аплицирање на јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2023 година. Апликациите за овој повик може да се доставуват до 10.05.2023 година.