Тетекс – Пелистер 2:1 (1:0)
Фудбалерите на Пелистер од Битола со пораз се враќаат од Тетово, каде се поразени со 2:1, полувреме 1:0. Голот за водство на Тетекс го постигна Давид Спасовски во 43. минута. Пелистер во 90. минута израмни со голот на Бобан Здравевски во 90. минута, а голот за победа го постигна Христијан Кировски во 106. минута, во “судиското време“, во кое време имаше и многу нервозни ситуации.
Пелистер останува на 4. место на табелата, со 54 бодови, а третопласираната екипа на Вардар по денешната победата победа има 62 бода. Воска спорт е на прво место со 68 бода, а Гостивар има 64 на второто место.