На 30.04.2023 околу 01.30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека во угостителски објект во Битола 34 годишник од село Трново, битолско физички ги нападнал со тврд предмет, две битолчански на возраст од 21 и 36 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во периодот од 11 до 18 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 157 возачи од кои 32 во Битола, 51 во Прилеп, 44 во Ресен, 14- во Демир Хисар, 9 во Крушево и 7 во Македонски Брод. Од вкупно 157 возачи, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.