Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: утре гаѓање со огнено оружје кај Бимбил камен, забрането движење

СВР Битола известува дека утре, среда, 3 мај 2023 година во периодот од 08.00 до 15.00 часот на место викано „Билбил камен“ во Битола ќе се реализира гаѓање со огнено оружје од страна на припадниците на полицијата.

За таа цел СВР Битола апелира до граѓаните да се воздржат од движење на тој регион.