Само за 17 минути беа распродадени влезниците за вечното ракометни дерби во Битола, на македонскиот ракомет, Еурофарм Пелистер и Вардар, за натпреварот во кој ќе се одлучува кој ќе биде шампион во оваа сезона.
Ова е сигурно нов рекорд за продажба на влезници, а колоната од билетарата на спортска сала “Боро Чурлевски“ се протегала до крајот на бутките.
По продажбата која траеше само 17 минути, следеше соопштение на клупската страница дека влезници повеќе веќе нема, а сигирно тема до сабота низ Битола, ќе биде само прашањето, дали имаш карта за на ракомет, а второто “кој да го фатиме да купиме“.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра на 6 мај од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.