СВР Битола денес со низа свечености го одбележува 7ми Мај -Денот на полицијата. Заеднички со сите граѓани, претставници на институции, здруженија, соработници,а посебно најмалите од градинките “Пролет“, “Снегулка“, “Мали генијалци“ и ученици од основното училиште “Даме Груев“ како и учениците од сообраќајната училишна единица од “Таки Даскалот“ од Битола и оваа година на овој ден имавме отворен ден како во Битола така и во останатите градови (Ресен, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод) при што истите со нивното присуство не почестија како најдраги гости во просториите на СВР Битола и останатите ОВР.
На истите, полициските службеници им ја презентираа опремата и ги запознаваа со нашето секојдневно работење и извршување на секојдневните активности, а од нивна страна бевме почестени со безброј пораки, цртежи, изработки на сообраќајни знаци, песнички, игри и сл.
Нашите простории и денес како и секој ден се отворени за сите граѓани на СВР Битола и нашето мото и денес им го презентиравме на присутните дека -Полицијата е во служба на граѓаните – ние сме тука да ја гарантираме нивната безбедност и заеднички да придонесеме за побезбедна средина за живеење на сите граѓани, велат од СВР Битола.