Драматичниот натпревар вечерва заврши со победа на Еурофарм Пелистер над Вардар и на чекор сме титулата да се врати во најракометниот град во Македонија, Битола, а радоста на сите чинители на победата беше огромна со многу емоции, со солзи радосници, со прегратки, со честититки, и секако се заедничка фотографија за сеќавање на сите и за некои спортски алманаси во иднина.Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, или како го викаат во клубот професорот, оваа сезона ги криеше емоциите и на победите, но и на некои порази кои секако тешко ги проживеа.
Но, овој пар веднаш по завршувањето на натпреварот и победата се најде на паркетот и со своите ракометари и соработници ја прослави победата. Тука со него беа и Тања, Mарија и секако, секогаш емотивниот Бојан, кој со многу солзи радосници је прослави оваа победа, за титула.
Ладните, Данци, Кисум и Хененберг, како “балканци“ ја прославија победата, се радуваа заедно со соиграчите и управата.
Кусим заврши на трибините каде беше пречекан со многу прегратки, а потоа рече: атмосферата беше фантастична, не можам да ја опишам, такво нешто не сум доживеал. Публиката едноставно не водеше низ натпреварот, во секоја минута.
Едниот близната Петар беше во тимот, а другиот Павле беше на трибините, а по натпреварот беа на паркетот со мајка им, а тој емотивен момент го забележавме со прекрасна фотографија.
Хосни и Суси одиграа одличен натпревар, а радоста по победата беше огромна кај нив, се радуваа како мали деца, ни и заслужија.
На паркетот по завршување на натпреварот се најде и легендарниот економ Дади, кој се најде во прегратка со тренерите Јович и Шундовски, на кои им беше економ додека го носеа дресот на Пелистер.
Голманот Лесњак имаше голем дел во победата, а неа по завршувањето на натпреварот ја прослави заедно со останатите двајца голмани и нивниот тренер.
Како беше на паркетот по победата низ фотогалеријата на Сашо и Дамијана Ристевски.

Радост по победата, на паркетот во Битола со многу емоции и домашните, и професорот, и ладните Данци, и Хосни и Суси, и Бојан, и близнаците со мајка им, и Јовиќ и Шундовски, и Дади… (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)
- И оваа година на традиционалната забава ФК Јени Маале од Битола ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
- Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Нејц Цехте прво засилување во Битола, Еурофарм пелистер го потпиша за една сезона