Press "Enter" to skip to content

Започна и заврши со “Ако одам во Битола“, во меѓувреме одлична ракометна атмосфера, победа за титула (мега фотогалерија)

Победа за титула во Битола, победа радост на преполните трибини, победа за радост на публиката која знаеше да се радува, да го бодри својот Еурофарм Пелистер, да му даде поттик за враќање во кризните моменти кога противникот резултатски да се доближи.А, и овој пат како и неколку вакви натпревари пред натпреварот на трибините се пееше “Ако одам во Битола“. Околу три илјади битолчани, љубители на ракометот пееја заедно со Димитар Андоновски, а по победата повторно во еден глас запееја.

Потоа следуваше зелено – бела кореографија и започна ракометно дерби во кое публиката уживаше во одличен ракомет, борба до последен атом на сила, одлчни голови, исклучувања, пресврти и на крај победа на “пелистерци“.Публиката ги поддржа своите ракометни во одлична ракометна претстава, во натпревар кој достојно го носи епитетот вечно ракометно македонско дерби.А ракометарите овој пат возвратија со, како вели и бара публиката “со срце на терен“, и со, најверојатно враќање на титулата во Битола.Како беше на трибините на ракометното дерби во Битола низ објективот на нашите фото репортери, кои овој пат по поразите регистрираа радост на лицата.Овој пат како и рекоа на трибините ја немаше ракометната група “Чкембари“. 

Фото: Сашо Ристевски, Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »