Кошаркарите на Пелистер во Битола ја победија екипата на Феникс, а таа победа значеше победа за 2:1 по натпревари, или две добиени, и пласман во полуфиналето од завршницата од плеј-офот.
По победата над скопјени и пласманот во полуфиналето, капитенот на Пелистер, Бобан Стајиќ вели:
-Феникс е млада и енергична, а ние не одговоривме добро на таа енергија. Можеби е добро што загубивме во Скопје, се надевам извлековме поука и се разбудивме како тим. Во плеј-офот нема опуштање, мора да играме максимално фокусирано, физички во одбрана. Во оваа фаза агресивноста е на поинакво ниво. Што се однесува пак до полуфиналените натпревари против екипата на ТДТ би започнал со тоа дека тоа е поразлична екипа од Феникс. Добро се познаваме, игравме доста пати сезонава, како во АБА2 лугата, така и во домашното орвенство. Но јас би рекол, а тоа го знаат и сите соиграчи дека овие два или три натпревари ќе бидат поинакви натпревари. Наше е да се подготвиме. Имаме предност на домашен терен и се надевам дека ќе го искористиме тоа за финале.