Press "Enter" to skip to content

Нова победа на сениорската екипа на Топ гол со што ја зацврсти првата позиција на табелата

Топ Гол – Билјанини извори 8:0

Во рамките на 12 коло од ВФЛ, Топ гол од Битола  ја совлада екипата на Билјанини извори со конечен резултат од 16:0, полувреме (8:0).

Стрелци на головите за Топ гол на овој натпревар беа: Талевска и Милевска со по четири гола, Гоцевска и Стевановска со по два гола, Димитровска, Марковска, Стојчевска со по еден гол и Петровска (АГ).

-Квалитетот и доминацијата за време на целиот натпревар беше на наша страна, Нашата цел е освојувањето на шампионатот и влегување експресно во прва лига.Билјанини извори се млада и талентирана екипа и им посакуваме многу успех во иднина, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

Следно коло Топ гол ја пречекува екипата на Порече 2015, до крајот на првенството во последно коло Топ гол ќе гостува во Валандово.

More from ВестиMore posts in Вести »