УКЛО Битола беше учесник на Универзитетското поединечно првенство во шах 2023. Тројца студенти од УКЛО, Дарко Попчевски од Техничкиот факултет во Битола и Мартин Атанасов и Филип Томевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола имаа успешен настап на Универзитетското првенство во шах за 2023 година.
Во конкуренција од над 30 студенти од сите Универзитети во нашата држава, студентот Дарко Попчевски го освои третото место и се закити со бронзен медал.
Универзитетското првенство во шах се одржа во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија, на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје.